Јоце Панов: “Бев на нејзиниот гроб за да таа биде првата што ќе ја слушне мојата нова-снимена песна”

Сподели го ова:




Еден од најактуелните пејачи од Македонската музичка естрада-Јоце Панов, кој освен во нашата земја е популарен и во Србија и во Хрватска, откри како испаднало самиот тој, да ја испее антологиската балада  која носи наслов  “Ни Љ од љубави”.За оваа песна се крие судбинска приказна-како што истакнува самиот Јоце, посебно кога станува збор за текстот. Автор на текстот е познатиот српски текстописец Катарина Јованиќ-Кача, која е автор на повеќе музички хитови како што се: “Сунце љубави” од Џеј, “Лаку ноч” од Адил, како и многу други. Овој познат и докажан текстописец Катарина, заминува од овој свет многу рано-односно на околу 35-годишна возраст, оставајќи зад себе голем број на хитови. Иако сите во Србија мислеа дека песната која ја испеа Адил “Лаку ноч” е последното музичко дело на Катарина Јовановиќ-Кача, тоа не е така бидејќи последниот нејзин напишан текст-како што истакнува Јоце Панов, е текстот за песната “Ни Љ од љубави”-песната која што ја испеа самиот Јоце. Јоце Панов потврдува дека откако ја снимил песната “Ни Љ од љубави”, веднаш го посетил гробот на Катарина, за да таа биде првата која што ќе ја слушне неговата најнова снимена песната-каде што самата Катарина се јавува во улога на текстописец. Што се однесува до соработката со познатиот Саша Драгич кој се јавува во улога на автор на музиката на оваа песна, Јоце Панов истакнува дека тоа е судбинска приказна која се “родила на семафори во Белград. За оваа судбинска приказна Јоце раскажува во безвременскиот ТВ музички концепт “Време е за балада”-со Гоце Балада. Емисијата можете да ја погледните во прилог:





Сподели го ова:

Слични објави