Гордоста на прилепчани, детски фестивал кој прерасна во МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД!

Сподели го ова:




“Весели Ѕвончиња by JANA” е прилепскиот детски музички фестивал кој што како резултат на квалитетот и уникатноста на песните, за само неколку години ги освои срцата и симпатиите на детските срца ширум нашата земја, па како резултат на тоа, фестивалот оваа година беше прогласен за МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД! Нема училиште, градинка или игротека во нашата земја каде што не се пуштаат и не се слушаат песните од Веселите Ѕвончиња, песни со кои што растат децата и тинејџерите, песни кои што создаваат спомени за едно убаво детство, детство каде што преку песна се крои и создава една убава современа детска музичка генерација. До сега на фестивалските изданија на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” за само неколку години се имаат изведено околу 50-тина детски ново компонирани музички хитови, кои се дело на Гоце Илиески Балада и Јана Илиеска-кои претставуваат  веќе докажан иновативен-креативен музички авторски тим кој што навистина знае да создаде современи детски музички хитови кои што внесуваат  една нова музичка свежина, а воедно и современост на детско ѕвездено музичко небо, песни кои што се препознатливи, лесно певливи и уникатни. До сега на овој прилепски детски музички фестивал имаат настапувано голем број на учесници од повеќе градови од нашата земја: Скопје, Крушево, Радовиш, а најголемиот број на учесници, се разбира се од Прилеп. На овој фестивал, на крајот сите учесници се наградени, зашто како што истакнува Уметничкиот Директор на фестивалот Гоце Илиески-Балада: “Не е фер кон децата учесници, а посебно кон нивните родители кои ни ја довериле сопствената доверба да работиме на музички план со нивните сопствени деца,  да правиме разлика помеѓу децата во однос на награди на самиот фестивал како прво, второ и трето место, бидејќи сите учесници на фестивалот се победници, и сите тие заедно ја креираат онаа детска-искрена победа, победа која што е претставена и останува да се претставува со години преку слушањето на детските музички хитови од овој фестивал” – истакнува Уметничкиот Директор Гоце Балада. Како резултат на тоа, сите учесници од последното фестивалско издание кое се одржа пред еден месец, освен со дипломи, сите беа наградени со вредносни ваучери во вредност од 3.000 денари. Кога сме кај песните од овој фестивал, битно е да напоменеме дека тие се поделени во два музички блока, детски и тинејџерски музички блок, и за истите се изработуваат музички видео спотови, спотови кои се пуштаат во утринските музички блокови на неколку Национални ТВ, и низ голем број на локални ТВ ширум нашата земја.   Моментално течат пријавувањата за учество на четвртото фестивалско издание “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2022, кое ќе се одржи во месец Мај 2022 година. Најголемиот дел од пријавените се од Прилеп, меѓутоа сега за сега има и неколку пријавени кандидати за учество и од другите градови за детскиот и тинејџерскот музички блок на прилепскиот фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2022. Доколку имате и Вие од 4 до 14 години не ја пропуштајте оваа екстра можност и пријавете се за учество на четвртото издание на моментално најактуелниот детски фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2022. Колку за потсетување, овогодинешното издание на фестивалот помина доста успешно и се одржа на камената бина во Прилеп-минатиот месец, а за да сцената на камената бина изгледаше фестивалски, се погрижија професионалците од прилепската цвеќарница “Арт”. Токму на ова последно фестивалско издание кое се случи во минатиот месец пред повеќе од 1000 присутни кои уживаа во песните од најновото фестивалско издание за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД беше прогласен детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” Публиката во Прилеп имаше можност да слушне навистина убави, екстра модерни нови детски и тинејџерски песни со вистински модерен звук, кои можат рамо до рамо да се носат со големите светски музички хитови. Ова е само потврда дека освен за најмладите, Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” како моментално најмодерен детски музички фестивал покрај за најмладите, остава простор и за тинејџерите. Како резултат на светскиот квалитет на песните, од неделата Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” се здоби со титула “МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД”, бренд кој што веќе е препознатлив на нашето ѕвездено музичко небо ширум цела наша земја, а и надвор од неа. Доколку имате од 4 до 14 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи кон крајот на мај 2022 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!!







Сподели го ова:

Слични објави