Голем интерес за учество на овогодинешното издание на “Весели Ѕвончиња”

Сподели го ова:


Најновото издание на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња”-Прилеп 2021 година ќе се одржи оваа есен. На сцената оваа година ќе бидат испеани голем број на нови детски музички хитови од детски музички ѕвезди од Прилеп, Скопје, Радовиш, Крушево… Целосна снимка од ова спектакуларно фестивалско издание – како и секоја година, ќе биде дополнително прикажана на повеќе Национални Телевизии низ нашата земја. Фестивалот благодарение на неговиот музички квалитет, веќе е “рамо до рамо” со најдобрите детски музички фестивали. На фестивалот учествуваат деца од 5 до 14 години.

Како што изјавуваат организаторите на фестивалот, оваа година бројот на учесници е зголемен за речиси 100% повеќе од лани, а тоа се должи на големиот интерес за учество на фестивалот од голем број на деца ширум наша земја. Од оваа година фестивалот ќе биде поделен на детски и на тинејџерски музички блок.

Како резултат на големиот интерес, организаторите на фестивалот најавија дека има уште две слободни – ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕСТА–за учество на овогодинешното фестивалско издание. Пријавувањето е на телефонскиот број 076-833-088. 





Сподели го ова:

Слични објави