|

Еве што изјавува Тамара Тодевска

Сподели го ова:




Тамара Тодевска на својот профил на една социјална мрежа, јавно го искажа своето мислење за Васил Гарванлиев-човекот кој што ја претставуваше нашата земја на годинешната Евровизија. Во својата изјава, Тамара на социјалните мрежи напиша дека Васил таа длабоко го почитува и дека се радува на неговиот успех. Е сега, знам дека многу од Вас сега ќе кажат “подобро да не не претставуваше Васил оваа година на Евросонг”, меѓутоа сега тоа е поминато-да се задржиме сега на изјавата на Тамара.

Фото: Facebook на Тамара Тодевска

Во јавноста многу лица почнаа да ја критикуваат Тамара за ваквата поддршка на Гарванлиев, меѓутоа искрено тука сметам дека Тамара не е за осуда, бидејќи таа сакала или не сакала-минатата Евровизија кога не претставуваше самата таа, како дел од нејзиниот тим беше токму самиот Васил Гарванлиев, кој се појави во улога на нејзин придружен вокал. Е сега како резултат на стекнатото нивно пријателство во однос на нивната музичка соработка од минатата Евровизија каде не претставуваше Тамара, самата таа МОЖЕБИ се нашла во таква ситуација и можеби нејзината ваква објава во вид на поддршка на Гарванлиев, е целосно формална-или можеби пак не? Што мислите?

Како и да е, Тамара е еден од најдобрите женски вокали во нашата земја, докажана и признаена. Уметник со стил. Е сега тоа што ја утна химната- е тоа е друго… Ама и покрај се, за да се извини, таа тогаш си ги истетовира зборовите од химната кои тогаш ги скокна- и заборави да ги испее. Меѓутоа и покрај тоа, кај нас менталитетот на дел од населението е таков, па дел од граѓаните и после тоа продолжија со “плукање” по неа, зашто тогаш и самото нејзино тетовирање кое беше во вид на извинување- сметаше, бидејќи дел од овој народ навистина не знае што сака за себе-па не камо за друг. Како и да е, Тамара продолжи си напред, онака храбро, со борбен дух-како што и ти самата си знаеш!





Сподели го ова:

Слични објави