Денес во 18 часот во спомен куќата на Тоше- преку музика ќе се одбележи денот на неговиот последен концерт

Сподели го ова:




Последниoт концерт Тоше го одржа на 05.10.2007 година. По тој повод, Ученичката заедница при СОУ „Наум Наумовски – Борче“, иницира настан со кој ќе се одбележи денот на неговиот последен концерт. Во соработка со Спомен Kуќата на Тодор Проески, ученичката заедница организира настан на кој учениците и сите присутни ќе ги пеат неговите песни одново и одново и ќе рецитираат творби кои му ги посветиле токму нему. Бидете дел од овој настан кој ќе се одржи на 05.10.2021 година во 18 часот во Спомен Куќата на Тодор Проески, уште еднаш да го поздравиме живoтот и делото на Тоше со нашето ѕвездено небо.





Сподели го ова:

Слични објави