|

Денес во 13:50 на Регионалната ТВ Тера-Битола “Време е за балада”-со Гоце Балада

Сподели го ова:


Денес во 13:50 на Регионалната ТВ Тера-Битола, гледајте ја најновата емисија од безвременскиот музички концепт “Време е за балада”-со Гоце Балада. Гостин е Миле Кузманоски. Запомнете, секоја Сабота во 13:50 на Регионалната ТВ Тера-Битола, Гоце Балада со неговите колеги од домашната музичка естрада.

Инаку Гоце Балада е човекот кој што ќе ги обедини сите негови колеги од музичката сцена во ПРВИОТ БЕЗВРЕМЕНСКИ МУЗИЧКИ КОНЦЕПТ “ВРЕМЕ Е ЗА БАЛАДА”-со Гоце Балада.Како што истакнува Гоце Балада –  станува збор за телевизиско музичко шоу кое што ќе се емитува еднаш неделно на ТВ. Во овој современ телевизиски концепт Гоце од најголемите музички имиња се обидува да ги извлече сите оние работи кои што до сега пејачите и јавните личности ги немаат презентирано во јавноста, па врз основа на тоа со сигурност ќе го задржи вниманието на гледачите пред ТВ.

Гоце Балада е човекот кој што ќе ги побие сите тврдења во Српската естрада дека песната “Лаку ноч” од Адил не е последното напишано музичко дело од познатиот српски текстописец Катарина  која што почина прерано. Имено Гоце Балада преку неговите гости во своето музичко шоу, открива која е последната напишана песна на Катарина, и во кои раце се наоѓа денес оваа песна. Исто така, Балада е прв во македонската јавност кој што објавува за големата загуба на Миле Кузманоски и за смртта на неговиот татко. Со други зборови гледајте “Време е за балада”, секоја сабота, а  на која ТВ? Тоа деновиве официјално менаџерот на Гоце Балада ќе го објави на неговиот Facebook профил.Инаку колку за потсетување, овој проект е поддржан од најуспешните компании во нашата земја, бидејќи најуспешните – секогаш соработуваат со најуспешните, па врз основа на тоа компаниите  секогаш сакаат да се рекламираат во емисии каде што водителот знае секоја недела да го задржи вниманието на гледачите пред ТВ екраните. Меѓутоа, Гоце Балада важи за човек кој што секогаш знае да ги испочитува своите спонзори и помагатели на неговите музички проекти, настани, фестивали, манифестации…Исто така во “Време е за балада” пејачите кои што се гости во ова ТВ шоу во живо пеат дел од своите хитови, а сето ова придонесува оваа телевизиско шоу да добие уште повеќе на тежина.

Инаку во тек е официјална музичка соработка помеѓу Гоце Балада и Јоце Панов, а за каква соработка станува збор, благовремено ќе бидете известени.





Сподели го ова:

Слични објави