Данијела Мартиновиќ со два концерти во нашата земја
По барање на нејзините обожаватели, балканската музичка ѕвезда Данијела Мартиновиќ повторно кај нас. Имено таа ќе одржи два концерти на 06.08.2021 во Античкиот театар Хераклеа во Битола, а ден подоцна, на 07.08.2021 година Данијела свој концерт ќе има на Античкиот театар во Охрид. Организатор на концертот е Авалон Продукција. Ова концертно доживување на албумот „Neopisivo” е нешто кое што е комплетно различно, односно станува збор за спој на најдобрите песни кои досега се испеани од страна на Данијела. Албумот „Neopisivo” е направен во нови ритмови, како танго, салса, самб и свинг. Станува збор за албум кој што нуди комбинацијана уметност, стил и вистинска квалитетна музика.Влезниците веќе се во продажба по следниве категории и цени: Хераклеа-Битола: 600 денари
Антички театар- Охрид:
ТРИБИНИ седење: 800 денари.
ВИП седење: 1200 денари (пред бина, само 100 влезници во продажба)

