|

Дали првите три места на овогодинешниот Макфест ќе ги земат Робер Билбилов, Александра Јанева и Мартинилијан ??

Сподели го ова:




Како што известивме вчера, вечерва започнува 36-тото издание на Фестивалот на музика “Макфест“. Фестивалот започнува вечерва, меѓутоа иако сеуште официјално не е започнат, во јавноста се шират гласини дека оваа година првите три награди и првите три места ќе заминат во рацете на Мартинилијан, Роберт Билбилов и Александра Јанева. Дали е ова само шпекулација или претпоставка -останува да видиме. Инаку како што напоменавме, концепцијата на фестивалот е негово одржување во две програмски вечери. Првата, посветена на изведувачи кои првпат се појавуваат на сцената на Макфест, и втората замислена како финале. Значи , на 17 – ти фестивалската програма ќе ја отвори, Калина Велковска со изведбата на композицијата “Четири“. Според годинешниве правила петте најдобри композиции се пласираат во финалето за следната вечер, а во втората вечер ќе настапат поискусните, како неколкукратниот победник на Макфест Александра Јанева, Мартинијан Кириловски, потоа Роберт Билбилов, Ѓоко Таневски, Интервали, Лара, Пепа,Eye Cue и други. По завршувањето на двете фестивалски вечери ќе има шоу програма. На 17-ти настапуваат “Тумбао салса бенд“, а на 18-ти Александар Митевск и Драган Спасов –Дац, заедно со “Brasstet Skopje”.





Сподели го ова:

Слични објави