Бидете ѕвезда како Матеја, пријавете се за учество на четвртото издание на прилепскиот детски музички фестивал “Весели ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2022

Сподели го ова:




Матеја Николоска доаѓа од Прилеп, и самата таа учествуваше на овогодишното фестивалско издание на прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2021 кое по трет пат се одржа во Прилеп, меѓутоа ова година фестивалот се одржа на камената бина во центарот во Прилеп-минатиот месец. На спектакуларната фестивалска сцена настапија учесници од повеќе градови од нашата земја, а меѓу нив беше и Матеја Николоска која што на овогодинешниот прилепски фестивал настапи со песната “Музичка ѕвезда”, песна која што специјално за неа ја направи Гоце Илиески Балада и Јана Илиеска, а аранжманот беше на Рубин Димкоски. Инаку колку за потсетување, Матеја Николоска имаше одличен модерен настап на овој фестивал кој се одржа во месец Септември на камената бина во Прилеп пред повеќе од 1000 присутни кои уживаа во песните од годинешното фестивалско издание. На 19-ти Септември оваа година во Прилеп за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД беше прогласен детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, а на овој фестивалски ден публиката во Прилеп имаше можност да слушне навистина убави, екстра модерни нови детски и тинејџерски песни со вистински модерен звук, кои можат рамо до рамо да се носат со големите светски музички хитови. Ова е само потврда дека освен за најмладите, Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” како моментално најмодерен детски музички фестивал покрај за најмладите, остава простор и за тинејџерите. Како резултат на светскиот квалитет на песните, од неделата Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” се здоби со титула “МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД”, бренд кој што веќе е препознатлив на нашето ѕвездено музичко небо ширум цела наша земја, а и надвор од неа. Доколку имате од 4 до 14 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи кон крајот на мај 2022 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!!





Сподели го ова:

Слични објави