| |

Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ се сеуште во врска?!

Сподели го ова:




Балканската музичка сцена последниот период ја потресе веста дека пејачот кој со својот шарм, изглед и впечатлив глас кој го има освоено речиси целиот Балкан-Петар Грашо, и неговата девојка-извонредната Данијела Мартиновиќ не се повеќе во врска. Оваа вест беше објавена од страна на неколку хрватаски медиуми, и истите се базираат на изјавата Мартина Подгорски-раководителката за односи со јавноста на Грашо, која на социјалните мрежи напиша дека двојката веќе подолго време не живее заедно, и дека дека 49-годишната пејачка и 45-годишниот музичар поради работни, но и приватни причини веќе извесно време не се заедно. 

Меѓутоа, ваквата изјава не значи дека двојката има раскинато. Можеби поради приватните музички ангажмани, Данијела и Петар Грашо се принудени привремено да живеат на различни локации, при што веста дека овој пар ја има раскинато нивната љубовна врска-во ваков случај останува знак прашалник.

Инаку оваа двојка беше еден од најактуелните љубовни парови на целиот балкан. Нивната врска ја започнуваат од 1995 година на Фестивалот „Дора“, меѓутоа самите тие за нивната љубовна врска во јавноста зборуваа многу малку пред новинарите.  Во последно време Данијела Мартиновиќ е актуелна на музичката сцена со нејзиниот хит „Ljubav ne odustaje“.

Во блиска иднина, останува да видиме дали згасна љубовната врска на еден од најромантичните парови од Балканската музичка сцена.





Сподели го ова:

Слични објави