Јелена Карлеуша не е повеќе дел од жирито на Ѕвездите на Гранд

Сподели го ова:




Карлеуша не е повеќе дел од жирито на Ѕвездите на Гранд Еве што напиша Карлеуша: „Драги мои, одлучив дека е време да се повлечам од „Звезде Гранда“ пред мојот нов албум и соодветно на тоа по моја иницијатива, ја известив „Гранд продукција“ на 28 јуни оваа година и го раскинав договорот. Ја донесов оваа одлука првично за максимално да им се посветам на објавувањето и промоцијата на новиот албум што доаѓа. Од тогаш до денес се обидуваме да се најдат начини и услови за продолжување на снимањето. Сепак, не успеавме да се договориме. Кои се новите членови и што натпреварот ќе изгледа во иднина не е прашање за мене. Им посакувам сè најдобро“, напиша Карлеуша. Веднаш откако „Гранд продукција“ официјално ја објави веста дека ќе ја гледаме Цеца Ражнатовиќ наместо Јелена Карлеуша во новата сезона на Ѕвездите на Гранд, социјалните мрежи горат од коментари, при што фановите на Цеца ѝ честитаат за победата над Јелена Карлеуша, за разлика од „ЈК Армија“ која вели дека повеќе нема да ги гледаат Ѕвездите на Гранд бидејќи единствената кое го направи ова музичкото шоу да биде интересно е Карлеуша. Фото: Официјална Facebook страна на Јелена Карлеуша





Сподели го ова:

Слични објави