ЕМОТИВНО: Дино Мерлин одржа концерт кој и го посвети на својата мајка

Сподели го ова:


Динo Мерлин одржа концерт во Порто Монтенегро -Црна Гора, концерт кој што е прв после почетокот на пандемијата. Како и секогаш, така и сега, картите беа распродадени за неколку часа. “Човек може да биде само индивидуа во општеството бидејќи ние никогаш не можеме да создадеме слика за себе. За да се чувствуваме комплетни, ни требаат други. Ни треба некој што ќе не доврши. Мајка ми никогаш не беше среќна кога ја зедов гитарата. Се прашувам дали би била среќна вечерва. Но еве и разгледница на мајка ми од Порто Монтенегро-наместо диплома за машинство” – нагласи Мерлин на концертот во Црна Гора каде што неговите обожаватели после долго време уживаа два часа со најголемите хитови на Мерлин отпеани во неговата 30 годишна кариера.





Сподели го ова:

Слични објави