Цеца за само 200.000 евра влегува како дел од жирито од “Ѕвездите на Гранд”??

Сподели го ова:




Веќе е официјално дека Цеца ќе биде дел од ќирито од најновата сезона на “Ѕвездите на Гранд”.  Меѓутоа помеѓу фановите на Цеца кружи информација дека на Светлана Цеца Ражњатовиќ и било понудено 200.000 евра за да ја замени Јелена Карлеуша во „Ѕвездите на Гранд“, и со тоа Цеца да биде таа што ќе е најплатена од сите во жирито. Дали е ова вистина или уште еден менаџмент-маркетинг трик од страна на менаџерскиот тим на овие пејачки, останува да видиме. Инаку како што напоменавме во претходните објави, учеството на Цеца во ова музичко натпреварување ќе донесе нова енергија во која ќе уживаат сите, а како резултат на ова се очекува  „Sвездите на Гранд“ да бидат гледани повеќе од кога било. Што се однесува пак до продукциското жири тоа ќе биде составено од претседателот Саша Поповиќ, Снежана Ѓуришиќ и Александар Милиќ Мили, додека жирито ќе го сочинуваат Ана Бекута, Марија Шерифовиќ, Вики Миљковиќ, Драган Стојковиќ Босанац, Цеца и Ѓорѓе Давид. Единствено што оваа година нема да гледаме во Ѕвездите на Гранд, ќе биде Јелена Карлеуша која што веќе не е дел од жири комисијата. Фото: Официјална Facebook страна на Светлана Цеца Ражнатовиќ





Сподели го ова:

Слични објави