Цеца е новиот член на жирито во Ѕвездите на Гранд

Сподели го ова:




Наскоро на 18 Септември започнува новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ при што гледачите ќе имаат едно големо изненадување на самиот почеток. Станува збор за новиот член на жирито, а тоа е Светлана Цеца Ражнатовиќ. Нејзиното учество во ова музичко натпреварување ќе донесе нова енергија во која ќе уживаат сите, а како резултат на ова се очекува  „Sвездите на Гранд“ да бидат гледани повеќе од кога било. Што се однесува пак до продукциското жири тоа ќе биде составено од претседателот Саша Поповиќ, Снежана Ѓуришиќ и Александар Милиќ Мили, додека жирито ќе го сочинуваат Ана Бекута, Марија Шерифовиќ, Вики Миљковиќ, Драган Стојковиќ Босанац, Цеца и Ѓорѓе Давид. Единствено што оваа година нема да гледаме во Ѕвездите на Гранд, ќе биде Јелена Карлеуша која што веќе не е дел од жири комисијата. Фото: Официјална Facebook страна на Светлана Цеца Ражнатовиќ





Сподели го ова:

Слични објави