2.500 евра изнесуваше влезницата за концертот на Дино Мерлин кој се одржа во саботата во Тиват

Сподели го ова:


Дури 2.500 евра изнесуваше влезницата за концертот на Дино Мерлин, концерт кој што Мерлин го одржа оваа сабота во Тиват-Црна Гора. Ова влезница вклучуваше ВИП софа која опфаќаше маса за пет лица со шише шампањ. Во однос на овој концерт имаше и влезници по пониски цени со пијалок-750 евра, 550 евра… Како и да е, Мерлин на овој концерт направи вистински спектакал. Инаку овој концерт на Мерлин, беше прв после почетокот на пандемијата. Како и секогаш, така и сега, картите беа распродадени за неколку часа. “Човек може да биде само индивидуа во општеството бидејќи ние никогаш не можеме да создадеме слика за себе. За да се чувствуваме комплетни, ни требаат други. Ни треба некој што ќе не доврши. Мајка ми никогаш не беше среќна кога ја зедов гитарата. Се прашувам дали би била среќна вечерва. Но еве и разгледница на мајка ми од Порто Монтенегро-наместо диплома за машинство” – нагласи Мерлин на концертот во Црна Гора каде што неговите обожаватели после долго време уживаа два часа со најголемите хитови на Мерлин отпеани во неговата 30 годишна кариера.





Сподели го ова:

Слични објави