|

Менаџерот Методија Стојчески заедно со сопственикот на Хотел “Панорама”-Кочо Стојчески креираат едно незаменливо и неповторливо доживување за нивните гости

Сподели го ова:


Тимот на “stanica.mk” како најактуелен забавен-музички портал во нашата земја, портал кој што со официјална видео поддршка е поддржан од најголемите музички имиња (како што се Миле Кузманоски, Јоце Панов и многу други), секогаш соработува со нај-актуелните. А кога зборуваме за нај-актуелните, тука е и Хотелот “Панорама” во Крушево. Станува збор за хотел кој што нуди идеални – високо туристички услови, комоција, комфор, спокој, модерни соби, одлична храна и вистинско уживање.  Голем дел од македонската музичка естрада гостува во овој ексклузивен хотел, меѓутоа иако овој хотел  нуди одлични-високо квалитетни модерни услуги, сепак цената која се нуди од страна на  овој хотел е релативно ниска, а зошто е тоа така, го запрашавме Методија Стојчески кој што е главен менаџер на овој хотел, а воедно исто така го запрашавме и како се роди идејата да се отвори овој хотел, и како опстојува хотелот со релативно ниските цени кои ги нуди?

Пред се, да Ви се заблагодарам што не посетивте. Хотелот Панорама постои од 1971 година, а моментално е во приватна сопственост. Сопственикот на овој хотел реши да вложи во неговото родно место,  и да направи луксузен објект. Сопственикот има идеални планови, не само за хотелот, туку и за развојот на туризмот во овој регион. Нашата цел беше да направиме луксузен хотел кој што ќе може да понуди многу повеќе во однос на другите хотели.  Кај нас гостите имаат одлична можност да вкусат квалитетна храна, да користат голем број на услуги од нашиот хотел, да имаат соба со одличен поглед кон градот, бидејќи од вкупно 20 соби, 19 од нив гледаат кон самиот град. Во цената на сместувањето имаме вклучено користење на спа-центар, појадок, џакузи, базен, сауна. Доколку некој од нашите гости сака и масажи, нудиме и такви услуги кои дополнително се наплаќаат, меѓутоа цената е ниска и реална. Оваа година отпочнавме со адреналин паркот кој што е направен од страна на Европска фирма, па така да паркот е квалитетно конструиран и изграден, при што врз основа на тоа поседува Европски сертификат за безбедност и сигурност.

Од сигурни извори знам дека Вашето задоволство е најголемо, токму кога гостите кои што престојуваат во овој хотел се целосно задоволни. Точно е ова?

Токму така. Нашето задоволство е гостите кои престојуваат во овој хотел постојано да уживаат и да се сигурни, како во услугите на хотелот, така и во рекреативните и спортските содржини кои што ги нудиме. Во однос Адреналин паркот сакам да нагласам дека 90% од паркот е направен. Во однос на паркот имаме и пирамида, како и патека за деца, патека за тинејџери и патека за возрасни.

Во Вашата понуда ќе понудите и еден вид на велосипедски туризам. До каде се работите во однос на сето ова?

Врз основа на идеите и замислите на сопственикот на овој хотел, Крушево и Македонија ќе добијат патеки за планински велосипедизам од светски ранг. Во однос на тоа наш гостин беше и светскиот маунтин бајк шампион Ralph Näf кој го предводеше тимот што ќе ги проектира патеките. Инаку Ralph Näf беше наш гостин при што истиот тој беше воодушевен од погледот, градот и условите кои ги нудиме. Во однос на цените кажа дека самите тие се доста примамливи за македонски услови, а за странски услови овие цени се привидно смешни во однос на тоа што нашиот хотел нуди светски врвен квалитет.

Ваши гости освен туристите од земјата и странство, се и голем број на параглајдеристи, како и деловни луѓе кои често овдека одржуваат и семинари. Што имате да ни кажете во однос на сето ова?

Ова место е иделано за семинари, бидејќи нудиме опуштање, деловна презентација, а чистиот воздух е одличен за нова меморија.

Што се случува со скијачките терени, каков е планот за таму? Вие одлично менаџирате и со самите нив?

Да, скијачките терени ги менаџираме ние, и истите се во наша сопственост. Горе на Станич  имаме одличен отворен ресторан кој е во склоп на нашиот хотел, исто така имаме троколки за возење се со цел на гостите да им понудиме голем број на содржини. Исто така прв пат оваа година во летниот период работи и жичарата и ски лифтот.

Во однос на сето ова што го гледаме, изгледа  навистина доста атрактивно. Вашето мото е задоволството на гостинот пред се, бидејќи Вие не гледате само за сопствениот бизнис, туку и за самите Крушевчани и бенефитот на самиот град. Меѓутоа, сакаме да Ве запрашаме дали сметате дека луѓето врз основа на корона ситуацијата ги променија сопствените навики, и сега повеќето од нив преферираат одмор на некое планинско место отколку на море или езеро?

Одлично прашање. Целосно се согласувам со сето ова. Како резултат на короната луѓето  ги сменија своите навики, при што повеќето од нив се насочија кон планинските места на чист воздух. Врз основа на ова, ние како угостителски објект започнавме да ги зголемуваме планинарските туристички активности и понуди за нашите гости, се со цел за да можат да престојуваат во Крушево подолг временски период, при што секој ден да имаат различна туристичка атракција. Па така да за велосипедистите во Крушево имаме обележано голема велосипедска патека. Исто така хотелот има обележано и три патеки кои секој наш турист може да ги спушти преку мобилна апликација, и на таков начин преку GPS  може да вози по означената патека целосно самостојно, сигурно и стабилно. Меѓутоа доколку некој од нашите гости сака водич, нашиот хотел нуди и такви услуги.

 Во однос на атрактивните услуги, што друго нуди Вашиот хотел?

Исто така имаме и  пет современи четирицикли кои што ги издаваме, бидејќи нашата цел  е на нашите гости да им понудиме атрактивни содржини, со кои што самите тие при нивниот престој кај нас ќе се чувствуваат задоволно и исполнето.

Инаку искрено морам да признаам дека сопственикот Кочо Стојчески избрал одличен менаџер,  бидејќи Вие навистина добро знаете да презентирате, објасните, понудите. Врз основа на моето искуство што сум го имал во однос на афирмација и маркетинг на повеќе  производи за големи компании, можам да заклучам дека поседувате одлични менаџерски спсобности. Ајде да се навратиме лично на Вас, како започнавте да менаџирате со овој хотел?

 Јас претходно бев 3,5 години во Хрватска, со сопругата живеевме во Загреб, а потоа од таму заедно заминавме во Германија. Со Кочо Стојчески-сопственикот на хотел сме во роднинска врска-односно сме први братучеди.  Со него направивме одличен план врз основа на кој што јас се вратив во Крушево, и еве заедно со него, преку Хотел Панорама правиме успешна приказна, не само за нашиот хотел, туку и за самиот град Крушево и оваа наша земја.

Како атрактивен туристички-угостителски објект Вие сте први што го направивте првиот адреналинг парк во нашата земја. Дали паркот го отворивте се со цел за да ја збогатите вашата програма на активности која ја нудите на Вашите гости?

Да, точно така, гледам дека сте упатени во однос на се што правиме. Нашиот Хотел го отвори и првиот адреналинг парк, а на таков начин ја збогатуваме и нашата летна понуда за сите оние кои што престојуваат во нашиот хотел. Знаеме дека климата се смени, при што во зима некогаш паѓа снег, а некогаш пак не. Меѓутоа ние нудиме различни содржини за секој ден. Минатата година набавивме Амфиниа”-тоа е воено возило кое го користи војската. Правиме тури од нашиот хотел до месноста Мусица која е планински центар кој што е предвид за скијачки терен и истиот се наоѓа на 1800 надморска висина.

Станува збор за голем број на иновативни, и пред се атрактивни идеи. За сопственикот Кочо Стојчески имам слушано голем број на пофални зборови од страна на моите музички колеги, посебно кога станува збор за креативност и иновативност.

Да токму така. Сите овие проекти се идеи на сопственик Кочо Стојчески. Со Кочо сме во секојдневна постојана комуникација и во координирана активност. Со негова помош сакаме да направиме Крушево да биде препознатливо туристичко место 365 дена во годината, да има услови за зимски, летен, пролетен и есенски туризам. Ние сето тоа се трудиме да го промениме во зависност од временските услови. Сакаме да направиме нови скијачки патеки и нови ски лифтови.

Со овој капитал кој што го имате вложено во Крушево можеме да заклучиме дека доколку истиот капитал сопственикот го имаше вложено во некоја Европска земја заедно со неговите креативни и иновативни идеи, самиот тој би имал десетина пати поголема финансиска добивка. Меѓутоа врз основа на неговата одлука можам да констатирам дека станува збор за човек на кој не му се важни финансиите, туку развојот на градот Крушево, родното место каде што е самиот тој роден.

Во право сте. Одлично протолкувано од Ваша страна. Сопственикот на хотелот Кочо, живее во Скопје, меѓутоа по потекло е од Крушево. Тој е единствениот крушевчанец кој се решил сопствениот капитал да го вложи во Крушево, во интерес на градот, неговиот развој, и во интерес на Крушевчани.

Инаку овој хотел има одлична храна и одлично мени каде и покрај големиот број на специјалитети нуди и традиционална Крушевска храна, а исто така има и посебно мени, едно за зима и едно за лето. Меѓутоа тоа е опширна тема како резултат на понудата која ја нуди овој хотел, па така да како резултат на тоа што доста време му одзедовме на менаџерот Методија Стојчески, за храната ќе направиме едно посебно интервју-во друга следна прилика. Инаку колку за потсетување  менито на овој хотел има традиционална крушевска слика, при што секој гостин кога ќе дојде во овој хотел може да проба нешто кое типично крушевско, нешто што е квалитетно, природно и вкусно….





Сподели го ова:

Слични објави