|

Будва-совршена хит дестинација

Сподели го ова:
















Една од неколкуте хит дестинации кои ќе Ви ги препорачаме за ова е лето е Будва, која претставува  една од најстарите урбани туристички средини кои се наоѓаат на јадранското приморје. Будва е центарот за забава и одмор-кога станува збор за црногорскиот туризам , и самата таа е сѐ попривлечна со секоја измината туристичка година, бидејќи секоја нова туристичката сезона Будва се надополнува со некоја нова уникатна атракција. Има голема-огромна морска плажа која претставува вистинско романтично место за пешачење со својот партнер. Освен перфектно море, Будва  има огромното културно наследство како и прекрасната архитектура.  Поголемиот дел од архитектурата се карактеризира со венецијанско  потекло. Прозорите, балконите, вратите како и многу други забележителни работи на архитектурата, го прикажуваат оној римски стил на Венецијанската Република, кој што е мошне впечатлив и интересен за туристите кои доаѓаат од целиот свет.

Има повеќе плажи, меѓутоа најпопуларна е плажата Могрен која е сместена меѓу големи карпи, при што до истата се доаѓа преку пат од 500 метри кои води од стариот дел на Будва. Меѓутоа, освен оваа плажа има и други современи плажи  како што се: Пизана, Ричардова глава, Гуванце и познатата Словенска плажа.

Во близина на Будва се наоѓа и островот “св. Стефан”, кој претставува еден вид на туристичка атракција за туристите кои доаѓаат во Црна Гора. Повелете во Будва ова -нема да згрешите!







Сподели го ова:

Слични објави