|

Каде денес? -Во кафе бар “Тротоар”

Сподели го ова:


Ако патот Ве однесе кон Прилеп, тогаш не сте биле во Прилеп ако не застанете на главниот булевар и не испиете едно совршено направено кафе во “Кафе бар-Тротоар”. Станува збор за уникатен бар кој претставува едно од нај-актуелните места за релаксација на прилепчани. Амбиентот и комфорот кој што ќе го почуствувате на ова место, надополнет со уникатното вкусно кафе и големиот избор на пијалоци, претставува совршена добитна-релаксирана комбинација. Ова место е исто така специфично и по неговиот уникатен внатрешен ентериер, нешто што ретко го има во нашата земја.

Прилепчани велат дека главниот булевар во центарот на Прилеп е нешто слично на “Битолскиот широк сокак”, па врз основа на тоа, ако сакате да бидете забележани, а воедно и да Ве забележат, поминете точно на тротоарот покрај главниот булевар, кој сега е направен како широка пешачка патека, каде има постојано-непрекинато движење. Токму овде се наоѓа и КАФЕ БАР-ТРОТОАР-совршено место за релаксација и уживање.





Сподели го ова:

Слични објави