СЕКОЈА ЧЕСТ: Овие мали прилепски ангелчиња, направија одлична и успешна хуманитарна акција во паркот “кај Судот” во Прилеп
Денеска во паркот кај судот во Прилеп, малите ангелчиња од “Royal Kids House” -Прилеп заедно со нивните наставнички, направија хуманитарна акција, каде на прилепските граѓани им подготвија мошне вкусни колачиња, украсни крофни, одлична лимонада, и што ли уште не… Сето ова беше по симболична цена од 10 денари, а целта беше да се разбуди хуманоста…
