Студентите до владините функционери: Ајде да го замениме нашиот сув и бајат леб за вашите оброци!
Додека студентите секојдневно треба да прават пресметки и да стравуваат дали ќе им стигнат 140 денари на ден за убав и квалитетен оброк, функционерите се “гоштеваат” штедејќи врз грбот на студентите. Иако имаат поголем стандард од нас студентите, иако си ги зголемија веќе високите плати за 78%, сепак функционерите одлучуваат студентите да гладуваат додека тие…
