АПСЕЊЕ: Барал мито, а наместо “пари во раце” добил “лисици на раце”
На 21.11.2023 во 12 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш- Отсек за економски криминал го лишија од слобода К.Ѓ. (33) од село Подареш, радовишко, вработен во Државен пазарен инспекторат, Одделение за инспекциски надзор Струмица со градовите Гевгелија, Валандово и Радовиш, поради сомнение за сторено продолжено кривично дело „примање поткуп“ по член 357,…
