Голем скандал! На сметка на прилепската болница се плаќало по игротеки, бутици, ресторани…
На денешната прес конференција директорот на прилепската болница Кире Јоноски, истакна шокантни информации. Имено, на сметка на прилепската болница се плаќало по игротеки, бутици, ресторани… Во прилог Ви ја пренесуваме целосната прес-конференција на директорот Јоноски: “Денешната прес конференција, е со цел да ја запознаеме јавноста подетално за тоа во каква катастрофална состојба ја наследивме болницата…
