Ужас на Плетвар! Се запали возило! Сообраќајот се одвива по една лента – внимавајте како возите!
Врз основа на информациите од Авто – Мото сојузот на Македонија, сообраќајот на превој Плетвар кај местото викано Ленишки мост се одвива по една коловозна лента – со пропуштање. Наизменичниот сообраќај е поради опожарено патничко моторно возило на коловозот.
