“Карневалски Прилеп”, по 25-ти пат успешно докажа дека Прилеп е градот на карневалската магија!
25 години Карневал „Прочка“ – 100 години „Прилепски мечкари“! Драги прилепчани, Прилеп живееше во овие два карневалски денови, со детското дефиле вчера и со централното карневалско дефиле денеска. Градот пулсираше во ритамот на традицијата, радоста и заедништвото. Годинава одбележавме голем двоен јубилеј, 25 години Карневал „Прочка“ и 100 години од нашите „Прилепски мечкари“, симболот на…
