Ја измамиле за 10.000 евра! И кажале дека нејзината ќерка ќе оди во затвор – ако не плати, бидејќи прегазила дете!
На 06.02.2025 во 11.00 часот во СВР Скопје, 80-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 615.000 денари. Според пријавеното, лицето телефонски ѝ се јавило и се претставило како полициски службеник кој работел во Германија, каде живеела и нејзината ќерка, и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа…
