Секоја чест! Македонски пожарникари спасија беспомошно куче од водите на речното корито
Пожарникарите во Кавадарци синоќа успеале да спасат куче од водите на реката Луда Мара, по пријава од член на здружение за заштита на животните. Кучето било забележано во речното корито – мокро, исплашено и беспомошно. Членот на здружението „Лина спаси живот – добиј живот, спас за животните“ веднаш ја известил Противпожарната служба, која реагирала брзо…
